Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно, попладне дожд, грмежи и ветер

Променливо облачно и ветровито

Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – Времето денеска променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Попладне ветерот ќе се промени во северен и во горниот дел на Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. УВ индексот 6, информираат од УХМР.

Во Скопје претпладне посончево, а попладне променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд. Попладне ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 25 степени.

Понестабилно време се очекува во вторник и среда, кога и дневните температури ќе бидат пониски.

Од УХМР велат дека во следните денови ќе преовладува променливо облачно и свежо време со умерен до засилен северен ветер. Претпладне ќе има сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда. ир/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ИЈЗ со препораки за претстојниот топлотен бран

Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените, не постои тренинг центар, возилата се стари по 50 години

Владата ќе дава отчет за првата година од мандатот