Утрински Весник
Спорт

НБА е во преговори со Дизни за продолжување на сезоната на крајот на јули

НБА е во преговори со Дизни за продолжување на сезоната на крајот на јули
300x250 (7)

Вашингтон, 23 мај 2020 (МИА) – Раководството на НБА започна преговори со Дизни за продолжување на сезоната, пренесува „ЕСПН“.

Станува збор за започнување натпревари на крајот на јули. Дизни е еден од двата најголеми телевизиски партнери на лигата.

300x250 (7)

– НБА лигата, заедно со здружението на играчи, се во прелиминарни разговори со Дизни за продолжување на сезоната во НБА кон крајот на јули, соопшти портпаролот на лигата Мајк Бас.

Планирано е да се одржат натпревари во спортскиот комплекс „ESPN Wide World“ на Флорида. Здравјето и безбедноста на сите учесници останува наш приоритет, а ние работиме со експерти за јавно здравје и владини службеници за да развиеме сеопфатен пакет упатства за да осигураме дека се следат соодветни медицински протоколи и заштитни мерки, додаде Бас. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами