Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Покетино: Премиер лигата е најдобрата лига во светот

Покетино задоволен од високата победа над Црвена ѕвезда
300x250 opst2

Лондон, 23 мај 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино, раскажа како го поминува слободното време и ги сподели своите размислувања за неговата идна работа, нагласувајќи дека Англиското фудбалско првенство е најслино во светот.

– Со нетрпение ја очекувам следната работа. Фудбалот е многу динамичен и треба да бидете подготвени за моментот кога ќе се појави понудата. Јас сум многу отворен за предлози. Повеќе ме интересира проектот, а не од која земја е клубот. Зборуваме за клубот и секако за луѓето, за човечкиот фактор. Да, ги сакам Англија и Премиер лигата. Сè уште мислам дека Премиер лигата е најдобрата лига во светот и се разбира, да работам овде може да биде мојот приоритет, но не сум затворен за преселба во друга земја, изјави Покетино.

Тренерот сака да остане во Англија.

– Мојата идеја сега е да останам да живеам во Лондон со семејството. Ќе биде тешко во друга земја за прилагодување, но не и невозможно, додава Покетино. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН