Утрински Весник
Спорт

Рос Браун: Формула 1 беше во одлична состојба пред шест месеци и за шест месеци сè ќе биде добро

ФИА официјално го одобри календарот во Ф1 за 2020 година

Лондон, 23 мај 2020 (МИА) – Спортскиот директор во Формула 1, Рос Браун е уверен дека првенството ќе се справи со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

– Сега минуваме во многу тежок период. Важно е да се запамети дека Формула 1 минуваше низ фантастични времиња, а тие нè чекаат во иднина. Инспиративно е да се најде начин за излез од моменталната состојба. Ф-1 беше во одлична состојба пред шест месеци, а за шест месеци сè ќе биде добро. Таквите мисли навистина помагаат, тоа е посебно чувство, изјави Браун.

Сезоната 2020 сè уште не е започната, неколку трки се одложени, а некои откажани. Сепак, сите во најбрзиот спорт се оптимисти дека до крајот на годината сезоната ќе заврши. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ