Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 23 мај 2020 (МИА)На 22 мај во 12.00 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело“тешка кражба“. При преглед кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.05.2020 околу 21,30 часот на ул.„Алексо Демниевски“ во Скопје  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Н.(36) од Скопје бидејќи истиот физички нападнал полициски службеник којшто вршење работа од областа на безбедноста. По целосно документирање на случјаот против Т.Н. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.05.2020 во 12,45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.“18“ во населба Радишани-Скопје избувнал пожар во автомеханичарски сервис од  невнимание, додека Н.Р.(43) и З.Е.(29) заварувале со оксигенска боца. Притоа биле опожарени повеќе паркирани возила на плацот и три магацински простории. Пожарот бил изгаснат од противпожаранат единица од Скопје. Увид на местото на настанот ќе биде извршен од екипа од СВР Скопје во текот на денов (23.05.).

На 21/22.05.2020 на пат кон превојот „Стража“ во с.Сретково,гостиварско патничко моторно возило “ауди А6“ со скопски регистарски ознаки управувано од  Ј.Г.(53) од Скопје излетало од коловозот и паднало во бездна длабока околу 100 метри при што возачот починал на лице место. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

На 22.05.2020 околу 17,00 часот на ул. “Џон Кенеди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл “хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од Ф.П.(43) и четирицикл “БПР кан-ам ренегаде“ со скопски регистарски ознаки управуван од Б.А.(42) од с.Батинци,скопско. Со возило на итна медицинска помош, Ф.П., неговиот малолетен деветгодишен сопатник и Б.А. биле пренесени во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ каде од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди, а малолетникот е во животозагрозувачка состојба. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје

На 22.05.2020 во 14.45 часот во СВР Скопје, В.С.(25) од Скопје пријавила дека на ул. “Виктор Игор“ била касната од куче скитник.

На 22.05.2020 во 16.50 часот на регионален пат Гостивар-с.Србиново патничко моторно возило “голф“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Д.С.(20) од с.Страјане удрил во велосипед управуван од 17 годишен малолетник од Гостивар. По незгодата велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. оџ

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!