Утрински Весник
Македонија

Активности по повод Европската недела на имунизација во Пехчево и Виница

Активности по повод Европската недела на имунизација во Пехчево и Виница

Пехчево, 23 мај 2020 (МИА) – Невладината организација КХАМ ги продолжи активностите во рамки на Европската недела на имунизација. Во соработка со општината и здравствениот дом, како што информираше координаторот Зоран Биковски, во Пехчево беа поделени хигиенски пакети наменети за новороденчиња.
-Активноста ја спроведовме со градоначалникот Драган Тренчовски со кој поделивме хигиенски пакети кај пет семејства со новороденче од кои 5 ромски и 5 турски фамилии. За оваа општина можам да кажам дека е исто така е една од општините каде вакцинацијата е речиси стопроцентно реализирана, што покажува дека граѓаните имаат развиена свест за навремената вакцинација и важноста од истата, рече Биковски.
Активностите во рамки на Неделата на имунизација, како што додаде продолжија во општина Виница.
-Во Виница истотака обезбедени беа 26 хигиенски пакети и печатен материјал за семејства со новороденче од ромска националност. Да споменам и тоа дека во рамки на активностите дополнително ќе бидат посетени уште 10 семејства во руралните средини во Виница, по што може да кажеме дека имавме успешна Недела на имунизација и и годинава, додаде Биковски.
Европската недела на имунизација невладината организација „КХАМ“ ја спроведува 10-та година по ред. Претходно хигиенски пакети беа обезбедени и за семејства со новороденчиња во Делчево и село Црник, пехчевско.вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот