Утрински Весник
Македонија

Асфалтирање на стариот пат до манастирот „Св.Јоаким Осоговски“

Асфалтирање на стариот пат до манастирот „Св.Јоаким Осоговски“

Крива Паланка, 23 мај 2020 (МИА) – Денеска започнува асфалтирањето на стариот патен правец од Крива Паланка до село Варовиште кој води кон манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка.

Со ова ќе биде финиширан проектот „Реконструкција на патна инфраструктура за пристапен пат до Манастир Св.Јоаким Осоговски-с.Варовиште”, кој  општината го реализира преку програмата за рурален развој на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Патот е со должина од околу три километри, а вредноста на проектот што ќе придонесе за промоција на туризмот и историското наследство на Крива Паланка, изнесува околу 16 милиони денари.

На патот се санирани постојните свлечишта, изградени се потпорни ѕидови, поставени се риголи долж целата траса, а делови од патот се проширени, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.ид/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Марјановиќ: Довербата во онкологијата е урната – пациентите бараат дополнителни проверки и анализи

Велев: Пациенти со дијабетес со месеци без терапија и сензори!

Марјановиќ: Онкологијата во хаос – нема регистар, нема систем, пациентите оставени сами на себе