Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Кедира: Мурињо е најдобриот со кој работев

Јуве ќе му плати на Кедира да го напушти клубот
300x250 opst2

Торино, 23 мај 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Сами Кедира откри дека Жозе Мурињо е најдобриот тренер со кој работел во досегашната кариера. Двајцата беа заедно во Реал Мадрид.

– Имав одлични тренери во мојата кариера. Научив многу од секој од нив. Дури и ако не ми се допадна нешто за тоа како некој работел, секогаш наоѓав начин да најдам позитивни нешта. Бев најимпресиониран од Жозе Мурињо. Во 2010 година се преселив од Штутгарт во Реал Мадрид и таму тој ме научи многу работи на технички план. Тој веруваше во мене и ме разви како личност. Ние сè уште одржуваме во контакт и имаме одлична врска, призна Кедира.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН