Утрински Весник
Македонија

Тетовското обвинителство поведе постапка против 17 лица

Тетовското обвинителство поведе постапка против 17 лица

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите го прекршиле полицискиот час и за време на забраната се движеле на различни локации во градот, со што постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението на ОЈО.

Надлежното обвинителство на Судот за сите обвинети предложи парични казни во висина од по 100 дневни глоби.​ аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од денеска на сила стапуваат новите правила за управување со електрични тротинети

Седат Сулејмани и официјално го презеде Министерството за култура и туризам

Македонец со нож тргнал да убие Србин на брод во Хрватска