Утрински Весник
Македонија

Општина Кратово го достави на јавен увид планот за управување со животна средина за реконструкција на локален пат

Општина Кратово го достави на јавен увид планот за управување со животна средина за реконструкција на локален пат
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Крива Паланка, 22 мај 2020 (МИА) – Општина Кратово постави на јавен увид план за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на постоен пат во Општина Кратово во рамки на проектот за поврзување на локални патишта.

– Во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, што има за цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Кратово аплицираше со проект за реконструкција на постоен пат во Општина Кратово. Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ „План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот и документот е поставен на јавен увид на веб страните на Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Кратово (https://www.opstinakratovo.gov.mk/), а граѓаните можат да достават коментари до крајот на месецот, посочуваат од Општина Кратово.

Планот за управување со животната средина и социјалните аспекти е достапен две седмици, почнувајќи од 15 мај 2020 година, а коментарите од граѓаните може да се доставуваат заклучно со 29 мај.ид/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата