Утрински Весник
Македонија

Чулев:Петнаесет илјади денари не некоја голема сума, но многу ќе значи за полициските службеници во смисла на валоризација на нивниот труд и придонес

Чулев:Петнаесет илјади денари не некоја голема сума, но многу ќе значи за полициските службеници во смисла на валоризација на нивниот труд и придонес

Струмица, 22 мај 2020 (МИА) –Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска во Струмица информираше дека поголем број припадници на МВР и на Армијата во Охрид се во изолација, а осуммина се позитивни на коронавирусот.

На новинарско прашање колку полицајци се во самоизолација и се заразени од Ковид-19, Чулев одговори дека во моментот има случај каде припадник на ЕБР се заразил надвор од МВР, во домашни услови и е по потекло од Велес. Меѓутоа, не знаејќи дека е заразен од Ковид-19, појасни, отишол на службена должност во Охрид, каде што има државен карантин од највисок степен на ризик, бидејќи таму доаѓаат граѓаните од Ломбардија, Италија и таму има засилено присуство на полицијата.

– Со оглед дека се работи за припадници на ЕБР од другите градови заедно со припадниците на Армијата се сместени во одмаралиштето на МВР и откако е утврдено дека овој припадник е заболен веднаш е контактирано министерството за здравство. Направени се епидемиолошки анкети и е констатирано дека уште други седум припадници на МВР се заболени, а од превентивни причини сите други припадници од Армијата и од полицијата заедно, со околу 21 припадник на МВР, кој е во прислужниот дел на одмаралиштето се ставени во самоизолација, одговори техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Според Чулев, тоа е нормална работа и не влијае на ефикасноста на министерството.

За предлогот за линеарно наградување на полициските службеници од по 15 илјади денари, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, смета дека тоа не е само награда, туку и мотивација за полициските службеници бидејќи кризата ќе продлжи до крајот на годината.

-Тие се постојано на терен, постојано се во контакт со граѓаните и носат голем ризик и одговорност. Сега е убаво времето, но ако се сетиме како беше во март,тие се по 15-16 часови надвор под секакви атмосферски услови, јас постојано изразувам благодарност и сметам и дека 15 илјади денари не некоја голема сума, но многу ќе значи за полициските службеници во смисла на валоризација на нивниот труд и придонес кои ги даваат. Сметам дека Владата има ресурси да им ја даде оваа заслужена награда на полициските службеници на ист начин како што беше одобрено за здравствените работници, бидејќи и полициските и здравствените работници се во првите редови на оваа борба, рече Чулев, одговарајќи на новинарско прашање. рт/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор