Утрински Весник
Македонија

Во пожар изгоре магацински простор за резервни автомобилски делови во Радишани

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Магацински простор за резервни делови за стари половни возила во близина на бензинска пумпа на влезот во Радишани е опожарен денеска околу 13 часот. Нема повредени, причинета е само материјална штета.

– Пожарот веќе е локализиран и се работи на негово расчитување, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Во гаснењето на пожарот учествувале 25 пожарникари со десетина возила.

Пожарот е пријавен во ТППЕ околу 13:15 часот. бак/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал