Утрински Весник
Македонија

Реакција на „Хрватско-македонска тангента“ на написите на директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија 

Реакција на „Хрватско-македонска тангента“ на написите на директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија 

Скопје, 22 мај 2020

Управниот одбор на „Хрватско-македонска тангента“ енергично ги осудува навредите кон хрватската држава и влада кои на социјалните мрежи ги пласира и шири Горјан Тозија (директор на владината агенција за филм), а се пренесени во дел од медиумите.

Неговите написи полни со омраза, како на пр. „Со Хрватска владеат фашисти“, „Хрватската влада е фашистичка“, „Пленковиќ ги гуши слобоидите во ЕУ“ и „ХДЗ е фашистичка партија“… само се дел од навредите кои ја вознемирија јавноста во пријателската Хрватска, а македонската дијаспора ја доведоа во мошне незгодна и непријатна ситуација.

„Хрватско-македонската тангента“ смета дека ова поведение на раководител на владина агенција (Горјан Тозија) сериозно ги нарушува пријателските односи меѓу двете држави и двата народи и целосно се оградува и дистанцира од тие навредливи ставови. Очекуваме дека македонската влада ќе преземе соодветни чекори за утврдување на одговорност.

„Тангентата“ ќе продолжи како и до сега да работи на доближувањето на традиционално извонредните блиски и пријателски односи меѓу Хрватска и Република Северна Македонија во доменот на култура, уметност, политика, стопанство, туризам…

Сашо Георгиевски, претседател на „Хрватско-македонска тангента“

Љупчо Арсовски, амбасадор, претседател на Комисија за меѓународни односи на „Хрватско-македонска тангента“

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош