Утрински Весник
Македонија

Чулев: Со олабавување на мерките против Ковид-19 очекуваме зголемен број на илегални мигранти

Чулев: Со олабавување на мерките против Ковид-19 очекуваме зголемен број на илегални мигранти

Струмица, 22 мај 2020 (МИА) – Безбедносната состојба на територијата што ја покрива СВР-Струмица е поволна, истакна техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев по посетата на граничниот премин Богородица, ОВР Гевгелија и на СВР-Струмица.

– Разговаравме за интензивирање на активностите на СВР-Струмица во насока на спроведување и мерките и одлуката на Владата поврзани со спречување на ширењето на Ковид-19 и беше дадена насока да се интензивираат контролите за носење на заштитни маски, со оглед дека носењето на заштитната лична опрема е поврзано со олабување на идните мерки на Владата. Во таа насока ќе бидат засилени и централните контроли на секторите за внатрешни работи со цел интензивирање на полициските контроли во насока на носење на заштитна лична опрема, рече Чулев.

Тој додаде дека во однос на криминалитетот со олабавување на мерките за заштита од Ковид-19 во цел регион на Југоисточна Европа ќе придонесе за интензивирање на илегалната миграција при што повторно ќе бидат активирани криумчарските рути, посебно преку планината Беласица, во насока од кампот Муриес во Грција кон нашата држава.

– Со појавата на Ковид-19 имаме драстично намалување на бројот на илегални мигранти, но гледаме раздвижување кај криумчарите на мигранти во овој период, при што има појава на илегална миграција во железнички вагони на граничниот премин Богородица, а во југоисточниот дел на државата очекуваме раздвижување преку планината Беласица што се должи на убавото време сега, информираше техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Тој бил информиран дека СВР-Струмица покажува добри резултати во откривањето на имотните деликти, а во делот на борбата против наркотици зголемено е присуството на кокаин. Послаби резултати биле забележани во економскиот криминал заради недоволната екипираност на СВР-Струмица.

Чулев присуствуваше и на превентивна активност на Отсекот за превенција при СВР-Струмица со делење на заштитна опрема-маски и ракавици на граѓаните во Градскиот парк во Струмица. рт/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци