Утрински Весник
Спорт

Шест играчи го напуштаат Ренџерс

Официјално: Џерард потпиша нов договор со Ренџерс

Глазгов, 22 мај 2020 (МИА) – Шест играчи ќе го напуштат Ренџерс за време на летната пауза, потврди клубот. Играчот од средниот ред Енди Холидеј, дефанзивецот Џон Фланаган и голманот Вес Фодерингем, кои се во составот на „сините“, веќе нема да играат на „Иброкс“. Џордан Роситер, Џејсон Холт и Џек Алнвик, кои беа префрлени во други тимови минатата кампања, исто така се разделуваат со 54-кратниот шкотски шампион.

– Им оддавам почит на сите што ја напуштаат екипата на крајот на сезоната. Нашата работа продолжува секој ден, ние се подготвуваме за новиот шампионат, изјави менаџерот на „сините“, Стивен Џерард.

Дваесет и осум-годишниот Холидеј заминува по 152 натпревари и 18 голови за Ренџерс, додека 27-годишниот Фланаган го загуби стартното место во јануари и ќе бара развој на кариерата во друг клуб. Голманот Фодингем има 143 натпревари како стартер за екипата на Глазгов од 2015 година.

„Сините“ останаа на второто место пр последниот пласман во Премиер лигата по прекинувањето на сезоната во Шкотска.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига