Утрински Весник
Македонија

Донација од заштитна медицинска опрема од Бугарија

Донација од заштитна медицинска опрема од Бугарија

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Хуманитарна помош за медицински цели од Бугарија за Северна Македонија денеска беше официјално предадена од бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов на вицепремиерот за европски прашања и национален координатор за странска помош Бујар Османи и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска.

Вкупната донација се состои од 600 заштитни медицински одела за повеќекратна употреба, 300 пара заштитни очила и 300 визири.

На примопредавањето на донацијата, министерката Шекеринска изрази благодарност и порача дека во период кога и Бугарија се соочува со оваа голема глобална криза, покажува вистинска солидарност на две пријателски, соседни земји, сојузници во НАТО – Алијансата, информираат од Министерството за одбрана.

Вицепремиерот Османи посочи на значењето на меѓусебното помагање во време на глобална криза, како израз на добрососедските односи меѓу двете земји и промоција на европската солидарност на дело.

Тој порача дека заштитната опрема ќе биде употребена за вистинската намена – борба против глобалната пандемија предизвикана од КОВИД – 19 и дека ваквата соработка е во насока на исполнување на заедничката цел за европска иднина на целиот регион.

Донацијата од заштитна медицинска опрема за поддршка во справувањето со Ковид – 19 е наменета за јавното здравство како и за припадниците на Военомедицинскиот центар во Армијата на Република Северна Македонија. аа/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!