Монако, 22 мај 2020 (МИА) – Освојувачот на 17 Гренд-слем титули, Новак Ѓоковиќ, денес полни 33 години. Ова значи дека само двајца од сегашните тенисери имаат освоено еден од најголемите тениски турнири и се помлади од „големите тројца“ – Хуан Мартин дел Потро (УС Опен 2009) и Марин Чилиќ (УС Опен 2014), кои се на 31.
Првата титула во славната кариера на живата легенда Ѓоковиќ ја освои на 19-годишна возраст во Есторил, а фудбалската икона Еузебио му го врачи трофејот.
Ѓоковиќ има осум триумфи во Австралија, 5 на Вимблдон, 3 во Њујорк и еден на Ролан Гарос. Тој исто така беше шампион со Србија во Дејвис Купот и АТП Купот, а индивидуално уште има 34 „Мастерс“ титули и е единствениот што победил на секој турнир во најсилната серија на Тениската асоцијација за мажи (АТП). Тој го освои финалето на АТП пет пати и има вкупно 79 пехари во својата кариера.
Србинот 282 недели бил на врвот на светската ранг-листа, а последно, но не и најмалку важно, тој има позитивен биланс во неговите натпревари со едни од двајцата најголеми во историјата – Рафаел Надал (29:26) и Роџер Федерер (27:23).