Утрински Весник
Македонија

Кривична против скопјанец за измама

Дваесетгодишник од Делчево со украдена картичка подигал пари од банкомат
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – СВР Штип, до ОЈО Штип, поднесе кривична пријава против А.Љ.(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „измама“ и „оштетување или повластување на доверители“.

Пријавениот, во текот на декември 2019 година ги довел во заблуда одговорните лица на три правни лица од Штип, соопшти денеска МВР.

Screenshot

– Тој од нив порачал и во неколку наврати набавил трговска стока преку фактура во вкупен износ од 2.099.981 денари, лажно претставувајќи се како сопственик и управител на позната и голема фирма (која не постои и никогаш не постоела) од Скопје, a која обавува иста или слична дејност со тие фирми. За тој износ ги оштетил фирмите, се појаснува во соопштението.

Во текот на октомври 2019, застапувајќи правно лице од Скопје, со претходно дадени овластувања во име и за сметка на правното лице, ополномоштен на 27.01.2017 од управителот, се подвлекува, иако знаел дека правното лице е неспособно за плаќање со блокирана сметка и во постапка за ликвидација, во два наврати од друго правно лице од Штип набавил 150 парчиња канти за отпадоци во вредност од 200.010 денари, кои веднаш ги продал на црно со што го оштетил доверителот за неведениот износ. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија