Утрински Весник
Македонија

Делегација од кабинетот на претседателот положи цвеќе пред споменикот на Кирил и Методиј во Скопје

Делегација од кабинетот на претседателот положи цвеќе пред споменикот на Кирил и Методиј во Скопје

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Делегација од кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители денеска положи цвеќе пред споменикот на светите браќа Кирил и Методиј во универзитетскиот кампус „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. 

Во состав на делегацијата беа генералниот секретар Миле Бошњаковски, заменик генералниот секретар и портпарол Билјана Радева и советникот за надворешна и внатрешна политика Александар Љ. Спасов.

Поради пандемијата на КОВИД-19, годинава посетата на Рим и Ватикан и чествувањето на Св. Кирил и Методиј е поместено за во втората половина на 2020 година. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Забраната за движење во шумите продолжена до 30 септември

АХВ со дополнителни активности за детектирање на вирусот на Западно нилска треска кај птиците

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици