Утрински Весник
Спорт

Евертон и Арсенал преговараат со Јуве за Рабио

Рабио откри зошто го избрал Јувентус

Торино, 22 мај 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Јувентус, Адријан Рабио, веројатно ќе ја продолжи кариерата во Англија, тврди „Ле10спорт“.

Италијанскиот гигант има намера да се раздели со поранешниот играч на Пари Сен Жермен, кој не се етаблира како стартер, но истовремено создаде проблеми со своето однесување.

Јувентус веќе започна разговори со Евертон и Арсенал. „Карамелите“ имаат подобра шанса за привлекување на Французинот. Причината е што Карло Анчелоти го познава Рабио од нивната заедничка работа во ПСЖ и сака да го доведе на „Гудисон Парк“.

Рабио дојде во Јувентус минатото лето како слободен агент. Оваа сезона, 25-годишниот играч од средниот ред забележа 17 натпревари во Серија „А“, во кои нема ниту гол, ниту асистенција.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига