Утрински Весник
Македонија

Продолжува скинингот во градинките, досега двајца позитивни на Ковид-19

Почна скринингот во градинките, се уште не е донесена одлука за нивно отворање

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Двајца позитивни на Ковид-19 се откриени досега во скринингот на вработените во градинките.

До вчера, според објавената статистика на Министерството за здравство, направени се 1340 тестови во градинките, а само во изминатото деноноќие 209.  Потврдени се двајца заразени, еден во Битола и еден во Скопје.

Скринингот во градинките почна на 13 мај и со него се опфатени околу 2.000 вработени. Целта е изготвување на протоколот за работа на градинките за нивно ставање во функција.

Министерот за здравство Венко Филипче неделава најави дека се работи на протоколот за згрижување на децата во градинките и оти разменуваат детали Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика.

Не прецизира кога кога се планира отворање на градинките, но кажа дека целиот процес ќе биде искоординиран со враќањето на родителите на работа.

Градинките во земјава се затворени од 10 март со владина одлука поради пандемијата на Ковид-19. са/бак/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР