Утрински Весник
Економија

Ангеловска: Реакцијата од СБ претпоставувам е бидејќи се чека да се потпише заемот

До септември треба да профункционира дигиталната платформа преку која домашните компании од индустријата ќе изнаоѓаат нови пазари

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Бидејќи сме во техничка Влада секој еден предлог односно закон за задолжување го потпишуваме заедно јас и дополнителната заменик министерка. Претпоставувам дека реакцијата е со цел бидејќи се чека да се потпише овој заем, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање за известувањето од Светска банка во врска со заемот за справување до Ковид-19.

Заемот, појасни Ангеловска, беше преговаран пред две недели во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со Министерството за здравство, кои треба да ги користат средствата за справување со Ковид-19 кризата.

– Бидејќи сме во техничка Влада секој еден предлог односно закон за задолжување го потпишуваме заедно јас и дополнителната заменик министерка. Предметот беше споделен и со неа. Таа си има легитимно право да си има одреденни прашања по истото. Доставуваше одредени прашања на кои  одговараа и колегите од МТСП. Имавме заеднички состанок и со Светската банка, изјави Ангеловска.

Верувам, рече Ангеловска, дека ова повеќе се однесува на уверување дека Светска банка кога испреговарала и одобрила средства заем, што е поминат на бордот, дека секако дека ќе следи реализација.

– Претпоставувам дека реакцијата е со цел бидејќи се чека да се потпише овој заем, затоа што се работи за заем за финансирање на социјална заштита, на здравствено осигурување на ранливи категории. Се работи за различни компоненти што секако надлежните министерства и институции ги посочиле во соработка со одобрување од Светската банка, односно се работи за доопремување на капацитетите за порана детекција согласно СЗО, изјави Ангеловска.

Во Министерството за здравство, рече таа, има одвоено околу 34 милиони за финансирање на потребите, а останатите се мерки за надоместок за невработеност итн.

– И во ребалансот има вградено дел од тие средства да се влечат од тој кредит. Вкупниот износ, што е вграден е околу 1,2 мијлијарди денари во ребалансот на оваа кредитна сметка, но секако дека тоа е согласно стандарди и процедури на СБ и согласно тоа би се влечеле и би се вршеле исплатите. Јас очекувам искрено овој заем наскоро да стигне до Владата и ќе биде усвоен бидејќи истиот е одобрен и усвоен веќе од бордот на СБ, изјави Ангеловска.

Мораме, рече таа, да прикажеме и понатаму добра и конструктивна соработка, бидејќи навистина се справуваме со криза и во овие моменти најпотребна е добрата координираност, добрата координација, навременост и брзина од сите засеганти страни. аа/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија