Утрински Весник
Македонија

Еден новозаболен, четворица оздравени и уште еден починат од Прилеп

Прилеп има седум кластери на заразени и се контролираат нивните контакти

Прилеп, 21 мај 2020 (МИА) – Во Прилеп денеска е регистриран еден случај на новозаразен од корона вирусот, а четворица се оздравени. На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина уште едно лице од Прилеп на 56-годишна возраст како последица од Ковид-19 и со вчерашниот случај на починат 41-годишен прилепчанец, вкупната бројка на починати од Прилеп е 14.

Од вкупно 204 случаи, во моментов во овој град се активни 55.

На Инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 16 лица, од кои 14 се позитивни на коронавирусот. ем/ев/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија во портокалова фаза: Жешко до 39 степени, потоа дожд, силен ветер и град

За шест дена наплатeни 8,5 милиони денари од странците преку „Безбеден град“

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи