Утрински Весник
Македонија

Синодот на МПЦ одлучи за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија да биде избран г. Партениј

Синодот на МПЦ одлучи за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија да биде избран г. Партениј

Скопје, 21 мај 2020

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), освен тековните работи од црковниот живот, го разгледа и предлогот на Митрополитот Дебарско-кичевски и админстратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, и одлучи за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија да биде избран Неговото Високопреподобие игуменот на Бигорскиот манастир архимандритот г. Партениј, со титула Епископ Антаниски.

Наречението на новоизбраниот Епископ Антаниски ќе се изврши на 11 јули во Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, а хиротонијата ќе се изврши на 12 јули 2020 година, на Петровден во храмот „Св. Софија“ во Охрид.

Синодот, исто така, го разгледа молбеното барање на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф кој, од здравствени причини, побара да биде ослободен од активна епархиска должност и го усвои неговото барање.

За нов архиереј, на предлог на досагашниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, со титула Сарандопорски, е избран игуменот на Осоговскиот манастир „Св. Јоаким Осоговски“ архимандритот г. Григориј.

Наречението на новоизбраниот Епископ Сарандопорски ќе се изврши на 25 јули, во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, а хиротонијата и востоличувањето ќе се изврши на 26 јули 2020 година, на Собор на св. архангел Гаврил, во Соборниот храм „Св. Николај Чудотворец“ во Куманово.

Од канцеларијата на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!