Утрински Весник
Македонија

Одделување на фекална од атмосферска канализација во Милково Брдо-2 во Делчево

Одделување на фекална од атмосферска канализација во Милково Брдо-2 во Делчево

Делчево, 21 мај 2020 (МИА) – Во Делчево почнаа подготвителни активности за реализирање на градежните работи за одделување на фекалната од атмосферската канализација во населбата Милково. Овој зафат според надлежните, ќе го реши долгогодишниот проблем со атмосферската вода која при обилни дождови предизвикува поплавување на повеќе објекти и имоти на граѓаните.
-Станува збор за изградба на атмосферска канализација во должина од околу 1,9 километри во населбата и опфаќа изградба на повеќе краци и тоа на дел од улицата „Вера Јоциќ“, дел од улицата „Македонска“, дел од улицата „Гоце Делчев“ и улица „Благој Стојменов, информираат надлежните.
Согласно проектот, како што додаваат ќе се корегираат постоечките полиетиленски цевки.
-Според планираното проектираната атмосферска канализација треба да прифати дел од атмосферската вода од населбата Милково Брдо која ќе се одведе до веќе изведениот колектор на улица „Светозар Марковиќ“ со испуст во река Брегалница, додаваат од општина Делчево.
Финансиската рамка на проектот е 12,9 милиони денари со пресметан ДДВ, а средствата се обезбедени преку Договор за грант склучен меѓу Министерството за транспорт и врски со Општина Делчево како краен корисник, а согласно Договорот за финансирање на Република Македонија и Европска инвестициска банка за проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“.вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме