Утрински Весник
Економија

Мартовската нето плата 26.422 денари, за 7,4 проценти повисока од лани

Нето платата во април 24.785 денари, зголемување за 3,5 проценти
Dik 300x250 mk

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2020 година изнесувала 26.422 денари што во однос на истиот месец лани е зголемување за 7,4 отсто. Бруто платата, пак, била 39.437 денари што е раст од 8,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на нето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12,2 отсто), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11,2) и Преработувачка индустрија (9,8 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,6 отсто), Уметност, забава и рекреација (15,4) и Стручни, научни и технички дејности (9,9).

Зголемувањето на бруто платата, според статистика, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование (13,3 отсто), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11,5) и Преработувачка индустрија (10,6).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,9 отсто), Уметност, забава и рекреација (15,5) и Стручни, научни и технички дејности (8,7). мч/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица