Утрински Весник
Македонија

Со фондови на ЕУ нова судница во „Идризово“ и реконструкција на затворот во Битола

Со фондови на ЕУ нова судница во „Идризово“ и реконструкција на затворот во Битола

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија вчера го означи комлетирањето на два проекта од ИПА 2 програмата за поддршка на правосудството во земјата, при што е отворена нова судница во затворот „Идризово“ и реконструкција на затворот во Битола.

Министерката за правда Рената Дескоска заедно со шефот за соработка во ЕУ Делегацијата Никола Бертолини и директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда Јовица Стојановиќ, ја отворија новата судница во затворот „Идризово“ – Скопје, соопшти делегацијата на ЕУ.

Новиот простор ќе овозможи безбедни и економски услови за одржување судења во внатре во „Идризово“. Вкупниот буџет за овој проект изнесува 1,25 милиони евра од кои 975.000 беа обезбедени од ЕУ.

Истиот ден во Битола, шефот на Одделот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ Фрек Јанмат и директорот Стојановиќ го пуштија во употреба реконструираниот затвор во Битола.

Со овој проект се подобруваат условите за живот на осудените и на притворените лица во битолскиот затвор, преку примена на соодветно техничко и просторно подобрување на условите во согласност со стандардите на ЕУ.

Вкупниот буџет на овој проект изнесува 1,025 милиони евра, од кои над 750.000 беа обезбедени од ЕУ.

Беше највено и дека ЕУ, преку проектот „Подобрување на капацитетите на казнено-поправниот систем и надворешните механизми во Северна Македонија“, имплементиран од Советот на Европа, ќе достави бесконтактни топломери, апарати за дезинфекција на раце, дезинфекциски средства и ракавици на Управата за извршување санкции. Оваа донација ќе помогне во ублажување на заканата од Ковид-19 во казнено-поправните домови во земјата, се додава во соопштението на Делегацијата на ЕУ во Скопје. нд/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

Филипче: Заев и Ковачевски ја жртвуваа политичката кариера за денес да бидеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ