Утрински Весник
Македонија

Дома за утринска молитва, во џамија за Рамазан Бајрам, одлучи ИВЗ

Дома за утринска молитва, во џамија за Рамазан Бајрам, одлучи ИВЗ

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Ријасетот на Исламската Верска Заедница во Република Северна Македонија, поради обавувањето на намазот на Фитр Бајрам, донесе низа мерки, што треба да се спроведат во секоја џамија на 24 мај, пишува на својот фејсбук профил Реис-ул-Улема на ИВЗ во РСМ, Х.Сулејман еф. Реџепи.

Во образложение на одлуките донесени денеска реисот Реџепи, пишува дека сабах намазот (утринската молитва) е одлучено верницте да ја обавуваат дома, односно апелира повеќе да се користат дворовите на џамиите за обавување на молитвите. Дел од мерките што ќе треба верниците од исламска вероисповед  да ги почитува во тек на молитвата за Рамазан Бајрам, ИВЗ ги има донесено и на 7 мај кога одлучи да ги отвори џамиите после две месеца пауза.

– Обавувањето на намазот на Фитр Бајрам да не биде подолго од 15 минути, максимално да се избегнат поздравите со физички контакт, откажување од посета на гробишта, за време на Фитр Бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку, дезинфекција на џамии, задолжително носење маска, чистење раце со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носи ракавици, секој верник треба да има лично сеџаде, се вели во одлуката на ИВЗ.

Воедно од таму истакнуваа дека ​меѓу верниците треба да се запази физичката дистанца колку што е можно повеќе, односно е забранет престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамијата.

Поради сегашната состојба со коронавирус, Ријасетот на ИВЗ ја откажа организацијата на традиционалната централна манифестација по повод Фитр Бајрам. оџ/скс/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина