Утрински Весник
Македонија

Филипче: Средства за опремување на клиниките за справување со Ковид-19, закочени од заменичката министерка за финансии Димитриеска-Кочоска

Филипче: При секое излегување надвор строго да се придржуваме до мерките за лична заштита

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Околу еден месец дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска го кочи проектот за справување со коронавирусот вреден 90 милиони евра, средства од Светската банка кои, меѓу другото, се наменети за кревети за интезивна нега за сите инфективни одделенија во државава, за лабораториски капацитети,…

Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче при што информираше дека Димитриевска-Кочоска неколку пати испраќала барање до Министерството за здравство за објаснување за што ќе се употребат средствата и исто толку пати и било одговорено. Според Филипче, прашањата на заменичка министерка за финансии и се повторуваат, а со таа нејзина постапка на одолговлекување, не се одобруваат средствата за здравствениот систем, односно за ургентна поддршка за зајакнување на капацитетите  за третнам на ковид пациенти.

-Средствата што се одобрени, а не ги одобрува Димитриеска Кочоска, ќе помегнат да ги опремиме сите инфективни оделенија во државава, пред се со интезивни кревети, машини за сликање, лабораториски капацитети и друго. Има еден дел од средтвата за едукација на лекарите, потоа за надградување на епидемиолошките центри со комплемнта опрема, односно овие средства се за сите аспекти кои ги покрива Ковид вирусот, појасни Филипче.

Министерот информираше дека за овој кредит кој е одобрен од Светската банка, тој претходно имал конференс-кол со генералниот директор на бнката кои први ни излегле во пресрет и во рекорден период го одобриле кредитот. Брзото одобрување, според Филипче,  се должи на потребата за зајакнување на капацитетите во борба со ковид болеста. бк/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Мицкоски: Mногу поподготвени сме за сезоната на пожари од кога било во минатото

Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!