Утрински Весник
Македонија

За непочитување на мерките против КОВИД-19, ОЈО Ресен предложи казнени налози против шест лица

Казни за 12 тетовци за прекршување на полицискиот час за викендот
Dik 300x250 mk

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Ресен достави предлози за издавање казнени налози против шест лица заради непочитување на полицискиот час, соопштија од ОЈО Ресен.

-Обвинетите не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување заразна болест, односно според Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие биле затекнати од полициски службеници од ОВР Ресен, како се движат пеш и со возила  без притоа да поседуваат дозволи за движење, инфомираат од Обвинителство.

Со овије дејствија тие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, за што надлежниот јавен обвинител предложи да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​ оџ/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти

Почнува Саемот за медицина, стоматологија и фармација-Health Innovation Expo 2025

„Trio Animato” настапи на фестивалот “Магична флејта Е/12” во Тирана