Утрински Весник
Македонија

Влажни коловози во дебарскиот регион, се препорачува внимателно возење

Влажни коловози во дебарскиот регион, се препорачува внимателно возење
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дебар, 21 мај 2020 (МИА) – Обилниот дожд и ветерот присутни на подрачјето на Дебар, Река и Жупа во текот на ноќта и утринските часови предизвика помали одрони на патните правци во овој регион.

Поради одроните и влажниот коловоз, од дебарската секција на „Македонија пат“ препорачуваат многу внимателно возење, посебно по клисурата на реката Радика.

-Има помали, но чести одрони од камен и земја. Работиме двосменски и нашите екипи се постојано на терен во нивно расчистување, и сообраќајот се одвива без проблеми. Поради можноста од одрони, но и влажниот коловоз препорачуваме многу внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација, порачува Деар Лиманоски, раководител на секцијата.

Под надлежност на оваа секција се делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин „Блато“, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа или над 110 километри.

Најчести се одроните кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади“, на патниот правец Дебар – Маврово, како и кај месноста „Три чешми“ на патот кон Струга, и месноста „Кокошкина краста“ на патот Мелнички Мост-Центар Жупа.

Дождот е добредојден за земјоделските посеви, но и за зголемување на дотеците во реките а со тоа и во акумулацијата „Дебарско Езеро“.вт/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Започнува зимскиот распуст, учениците се враќаат на настава на 20 јануари

Дрзок грабеж во златарница во центарот на Скопје, двајца Романци уапсени на лице место

СДСМ поднесува нова претставка до ЗНМ за заканите од Героски