Утрински Весник
Македонија

Во Велес три, а во Кавадарци две лица не го почитувале полицискиот час

На подрачјето на СВР Велес сите граѓани ги почитувале мерките на изолација и самоизолација

Велес, 21 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие, 20/21 мај на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес, пет лица, oд кои, три во Велес и две во Кавадарци не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час. Во Неготино немало прекршители, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.    

Во овој период има 19 нови регистрирани лица со решенија за изолација, и тоа, најмногу 18 се во Велес и едно во Кавадарци, а со изјава за самоизолација има едно ново лице во Кавадарци.

На подрачјето на СВР Велес, со решение за изолација има 156 лица, од кои 148 во Велес, едно во Кавадарци и седум во Неготино, а со изјава за самоизолација има вкупно 23 лица, од кои 16 во Велес, две во Кавадарци и пет во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, информира Додевски. ад/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!

(Видео) Подкаст Зрак со д-р Марина оваа недела посветен на борбата со ракот на дојка