Утрински Весник
Македонија

Едно лице повредено во сообраќајка на патот Маврови Анови-Дебар

Едно лице повредено во сообраќајка на патот Маврови Анови-Дебар

Гостивар, 21 мај 2020 (МИА) – Во судир на две возила, на регионален патен правец Мавови Анови – Дебар потешко повредено е едно лице.

Сообраќајната несреќа била пријавена околу утрово 7:45 часот. Според првичните информации, во близина на крстосницата за месноста Стрезимир се судриле „опел корса„ со гостиварски ознаки што го управувал Б. Ј. од Гостивар и возило „фолксваген кеди“ управувано од А. Л. (29) од долнореканското село Присојница.

Во сообраќајката со повреди се задобил Б. Ј. кој е пренесен во гостиварската општа болница.

Во тек е увид на местото на настанот што врши екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин.згм/скс/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје

Голем пожар кај Милетино, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево

Од Македонија до Лос Анџелес: „Приказната за Силјан“ со две номинации за Emmy Awards