Утрински Весник
Македонија

Електричните велосипеди „би можеле да им помогнат на луѓето да се вратат на работа“

Електричните велосипеди „би можеле да им помогнат на луѓето да се вратат на работа“

21 Мај 2020

Би-Би-Си

Електричните велосипеди можат да ги намалат емисиите на штетни гасови и да им понудат на работниците начин да се вратат на работното место за време на коронавирусот, открива нова студија.

Ако е-велосипедите се употребуваат исто и во Велика Британија, како и во многу европски градови, тоа ќе го намали застојот, ќе ја подобри мобилноста и ќе намали СО2, се вели во студијата.

Во неа се истакнува дека Владата на Велика Британија сè уште не ја сфатила стратешката важност на е-велосипедите – велосипеди со електрични мотори.

Најголемо влијание би имало во областите со слаб јавен превоз, се вели во документот. Тоа е така затоа што поширок спектар на луѓе ќе можат да користат е-велосипеди.

Истражувањето доаѓа од јавно финансираниот Центар за истражување на решенија за побарувачка на енергија (Кредс), со седиште во Оксфорд.

Истражувачите велат дека во Данска, каде велосипедизмот е силно охрабрен со децении, патеките за е-велосипеди веќе поврзуваат градови со градови и села.

Истражувањето доаѓа е во време кога министрите се очајни за решенија што ќе им овозможат на луѓето да одат на работа без да го ризикуваат здравјето во јавниот превоз, но и без зголемување на емисијата на јаглерод.

Досега главниот акцент е ставен на привлекување на луѓето во градските центри, каде се воведуваат ленти за велосипеди.

Но, во документот на Кредс вели дека е-велосипедите можат да бидат особено ефикасни во економски загрозени области каде луѓето не можат да си дозволат автомобили, а автобуските услуги се лоши.

Ова може да биде во приградските или полу-руралните области.

Се вели дека владата на Велика Британија треба да најде начини да ја поттикне употребата на е-велосипеди.

Професорот Ник Ејре од Кредс за Би-Би-Си Њуз изјави: „Е-велосипедите ни даваат возбудлива нова можност да ја намалиме употребата на енергија и емисиите на јаглерод.

– Тие треба да бидат дел од планот за најголемата инвестиција што ни е потребна во транспортот за да ги натера луѓето повторно безбедно да се движат на начини кои се економски и еколошки одржливи.

Критичарите би можеле да кажат дека создавање голема мрежа на ленти за е-велосипед ќе биде скапо и понекогаш невозможно.

Исто така, ќе има проблеми со кражба на велосипедиѕе – и со културата во места каде што има мала историја на возење велосипед.

Професорот Ејре рече: „Знаеме дека возењето велосипед е културно зависно. Има многу повеќе велосипедизам во Оксфорд отколку во Лидс, на пример“.

„Тоа делумно е така затоа што Лидс е поголем и ридест, но делумно и затоа што во Оксфорд велосипедизмот едноставно е нешто што го практикуваме.

„(Но) последните неколку недели ни покажаа дека има многу поголем капацитет луѓето да се променат отколку што претходно мислевме“.

Некои планери веруваат дека Велика Британија е на работ на револуција во урбаниот транспорт.

Владата во моментов се консултира со јавноста за употреба на електрични скутери на улиците на Велика Британија.

Сепак, многу организации, од пешаци до возачи, ги изразија своите стравови за потенцијалните опасности од е-скутерите, без разлика дали се наоѓаат на тротоар или на улица. јт/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гостиварското срце во боите на Македонија: Кирилица и Глаголица на градскиот натпис

Г.г. Стефан: Условите кои ни се поставуваат за томос се неприфатливи

Мицотакис од Костур и Лерин упати ново предупредување за Македонија дека патот кон ЕУ ќе биде запрен