Утрински Весник
Македонија

Сообраќајот по влажни коловози, внимателно возење по клисурите

АМСМ: Врнежи од снег во Маврово, но засега не се пречка за сообраќајот

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по наместа влажни коловози.

Авто мото сојузот на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Граничните премини остануваат затворени за влез и излез од државата како дел од мерките на справување со ширењето на корона вирусот. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од авионот до системот: Kолку чини неодговорноста?

СДСМ: Ако сѐ било по пропис со користењето на авионот зошто Владата не ги објавува листите со патници?

Тошковски: За запленетите 40 тони канабис има кривична пријава за 10 лица