Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Парична поддршка за младите за полесно прилагодување на новата реалност

Спасовски: Парична поддршка за младите за полесно прилагодување на новата реалност

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Три типа на парична поддршка за младите во Северна Македонија со цел нивно полесно прилагодување на новата реалност, преку одржување на нивото на ученичкиот и студентскиот стандард, како и на куповната моќ, предвидува третиот сет мерки на Владата за поддршка на стопанството и граѓаните во услови на вонредна состојба предизвикана од ширењето на вирусот КОВИД-19, напиша вечерва на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.
-Ваучер во еднократен максимален износ до 6.000 денари наменет за студенти и средношколци од семејства со ниски примања. Средствата ќе се користат исклучиво за покривање на партиципација за студирање на универзитетите и за сместување во ученички домови, студентски домови и во регистрирани приватни сместувачки капацитети. Домашна платежна картичка со расположлив износ од 3.000 денари, за купување на домашни производи и услуги во одредени услужни дејности кои се најпогодени од кризата. Ваучер во максимален износ до 30.000 денари, за млади до 29 години, за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини, пишува премиерот Спасовски. дма/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче