Утрински Весник
Македонија

Вечер нестабилно со пороен дожд, утре облачно и значително посвежо

Вечер нестабилно со пороен дожд, утре облачно и значително посвежо

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Во доцните попладневни, вечерни и ноќни часови, денеска, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот вдолж Повардарието ќе се промени во северен.

Нестабилно со пороен дожд и грмежи се очекува да биде и во Скопската Котлина.

Времето утре, како што соопшти УХМР, ќе биде претежно облачно и значително посвежо со засилен, повремено и силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје утре ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од петок ќе преовладува стабилно време со умерен северен ветер, а во почетокот на наредната седмица ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во постепен пораст. мс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

Денеска протестен марш за полагање правосуден испит на албански јазик

(Видео) Бројни полициски единици во селото Орел, дали е најдена Злата?