Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

Поведена истрага за силување против косовски државјанин

Скопје, 20 мај 2020 (МИА)На 19 мај во 21.40 часот на улица „Братство Единство“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Б.С.(42) од Кичево затоа што при преглед во патничко возило „опел астра“, што го управувал, пронашле и одзеле хероин. Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден околу 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во близина на верски објект на булевар „Ослободување“, пронашле засадено растение Canabis sativa. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утринава во 00.20 часот на ул.„ВМРО“ во Кочани, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија – ограничено движење, полициски службеници ги лишиле од слобода М.А.(36), С.С.(46) и С.Ф.(43), сите од Кочани. Притоа, при преглед на С.Ф. биле пронајдени и одземени една празна рамка од пиштол, два куршуми 7,62мм и еден куршум 9мм за пиштол. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.05.2020 во 11.30 часот на ул.„28“ во населба Илинден, Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Љ.(38) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, а постапувајќи по претходна пријава на С.К.(59) од Скопје кој пријавил дека околу 09.00 часот во близина на место викано „Плац“ во населба Илинден го навредувал и со нож му се заканил по неговиот живот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.05.2020 во 10.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на бул.„Јане Сандански“, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.М.(50) од Скопје од едната страна и Љ.И.(53) и Д.И.(46), двајцата од Скопје, од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 19.05.2020 околу 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Китка“, поради недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Т.(40) и Ј.С.(37), од една страна и Н.Т.(36) и Б.Т.(33) од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 18.05.2020 околу 16.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка во с.Орланци, поради претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Б.(19) и Ќ.Б.(37), двајцата од с.Орланци. Сочинети се записници за констаиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 17.05.2020 во СВР Велес било пријавено дека во сопствениот стан на ул.„Д-р Христо Татарчев“ во Велес била пронајдена почината С.З.(85) од Велес. Лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на  јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина – Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот.

На 19.05.2020 во 15.45 часот во Полициска станица Кисела Вода, Б.Г.(50) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Козаров“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 03.03.2020 пријавениот со закана по животот од Е.З.(28) од Тетово одзел пари. Набргу потоа, тој бил пронајден и лишен од слобода и по извршените разговори го признал делото.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(32) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 13.05.2020 на ул.„Никола Тесла“ во Куманово во неговата семејна куќа, пријавениот со секира се заканувал кон З.А..

СВР Скопје поднесе кривична пријава притов Б.Н.(21) од с.Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 14.05.2020, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле автоматска пушка со марка „Мпи-КМ“ калибар 7.62*39 мм, рамка со 29 куршуми калибар 7.62 мм и пиштол марка „глок 19“ калибар 9мм со три рамки со 63 куршуми калибар 9мм.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.С.(42) од с.Црвивци, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“. Пријавениот, иако знаел дека според податоците во сообраќајната дозвола на товарно возило „мерцедес“, увезено од странство, биле со постар датум на производство и возилото нe ги исполнувало законските норми за регистрација во РСМ, изработил и подготвил документација, односно странски договор во кој како продавач навел компанија која не била регистрирана на подрачјето на кантонот ZURICH, а обезбедил и потврда од ОУР Кичево и така подготвената документацијата ја употребил во постапка за царинење на возило пред Царинската управа – Охрид, врз основа на која била издадена царинска декларација за возило. Документацијата ја употребил во Бирото за метрологија Скопје од каде била издадена потврда за отворање постапка за идентификација и во ЦВ Охрид била изработена согласнот за регистрација на возилото и доставена во ОУР Кичево со обезбедено барање за регистрација, каде му била издадена сообраќајна дозвола на негово име.

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против С.Д. (58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, К.Н.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, Љ.Т.(58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на сужбена положба и овластување“ и ДПГТУ „КООП ИНЖИНЕРИНГ“ ДОО Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Првопријавениот, како градежен инжинер, во текот на 2018 изготвил основен проект за реконструкција на општински пат во с.Крилатица, кратовско, делница од 1350 метри, на кој внел невистинити податоци. При изготвување на графички приказ на основниот проект извршил поместување на почетната и завршната точка од делницата врз основа на кое прикажал погрешни стационажи, односно делница од 1123 метри на која требало да се изврши реконструкција ја прикажал како должина од 1350 метри. Второпријавената, како градежен инжинер во КООП Инжинеринг ДОО Куманово, фирма која била избрана како најповолен понудувач, изготвила и своерачно потпишала градежен дневник и градежна книга со невистинита содржина. Исто така, внела невистинити податоци дека изградиле атмосферски канал во должина од 860 метри, иако изградиле канал од само 86 метри, како и дека изградиле банкини со вкупна површина од 2700 метри квадратни, но воопшто банкините не биле изградени. Третопријавениот, во својство на надзорен орган со лиценца, со свој потпис како вистинити ги оверил, изготвил и со свој потпис и печат заверил извештај за извршен технички преглед од надзорен инжинер за објект реконструкција на локален пат во с.Крилатица со невистинита содржина, дека наводно извршил контрола на изградениот објект и дека работите на градба биле изведени согласно основниот прокет и одобрението за градба иако градежните работи во целост не биле изведени. Врз основа на вака изготвените документи со невистинита содржина, градежна книга, градежен дневник, завршен извештај и извештај за извршен технички преглед од страна на општина Кратово како инвеститор на „КООП Инжинеринг“ ДОО Куманово, на 21.11.2018 му биле исплатени 3.117.943 денари.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.Б.(33) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“. Пријавениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, од оштетениот во март 2020 година зел 43.050 денари за да му порача мебел, кој претходно му го понудил со прикажување на лажни фотографии и претставување на лажно лице како мајстор за изработка на мебел во правен субјект кој не постои, за што изготвил лажна фактура.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 16.09.2019 на локален пат с.Лопате-Куманово, пријавениот, без регистрирана дејност, во својство на физичко лице, со трактор вршел јавен превоз без лиценца на огревни дрва, со испратници од ЈП „Национални Шуми“-ПСШ Куманово.

СВР Битола поднесе 19 кривични пријави против А.Р.(35), Б.М.(62), М.М.(60), К.Н.(67), С.Н.(63), А.М.(34), Д.С.(46), Т.Ш.(48), Р.Д.(22), Н.Б.(24), Е.Џ.(33), С.Џ.(41), З.К.(34), А.У.(21), В.К.(32), Ѓ.С.(22), П.Б.(21), сите 17 од Битола, О.Т.(41) и Б.М.(61), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. оџ/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија