Утрински Весник
Спорт

Чеферин: Фудбалот преживеа војни, ќе ја преживее и короната!

Претседателот на УЕФА навивал за сплитски Хајдук

Нион, 20 мај 2020 (МИА) – Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави денеска дека е убеден дека навивачите наскоро ќе се вратат на натпреварите.

– Лично, јас сум апсолутно сигурен дека добар, стар фудбал со навивачите ќе се врати многу наскоро, рече Чеферин.

Тој е на мислење дека вирусот нема да трае вечно.

– Мислам дека ситуацијата ќе се промени многу брзо. Не ми се допаѓа оваа апокалиптична состојба, да треба да чекаме за втор, трет, дури и петти бран. Фудбалот не се смени по Првата и Втората светска војна, нема ниту по пандемијата, заклучи претседателот на УЕФА.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство