Утрински Весник
Спорт

Куртоа: Сите со нетрпение чекаат обнова на Ла Лига

Куртоа: Ако сакате да бидете голман на Реал, мора да ги прифатите тензиите

Мадрид, 20 мај 2020 (МИА) – Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ја изрази својата среќа од продолжувањето на тренинзите.

Оваа недела шпанските екипи започнаа со тренинзи повторно по пауза од два месеци.

– Сите со нетрпение очекуваат обновување на Ла Лига и битката за титулата. Не можевме да дочекаме да тренираме повторно по два месеци, да бидеме заедно како тим. Иако е малку поинаку, секогаш е убаво да се вратиме во „Валдебебас“ на тренинзи. Тренингот дома е различен, но мислам дека сите добро работеа и се одржаа во форма. Голманите имаа среќа бидејќи имавме дозвола да тренираме минатата недела со тренер. Оваа недела, кога соиграчите упатуваат удари, постои чувство на вистински тренинг, рече Белгиецот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство