Утрински Весник
Македонија

Дирекцијата за заштита и спасување прославува 15 години од постоењето

Дирекцијата за заштита и спасување прославува 15 години од постоењето

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Под мотото „Иднината им припаѓа на оние што се подготвени“ денеска Дирекцијата за заштита и спасување ја одбележа 15-годишнината од своето постоење.

Директорот на Дирекцијата, Аднан Џаферовски по тој повод оцени дека институцијата се движи во вистински правец и оти преземените активности во изминатите две и пол години ја покажале оправданоста и улогата што ја имаат припадниците на ДЗС за општеството.

– Со отпочнување на реорганизацијата, формирање на тимови за брз одговор, набавка на нови униформи со највискоки стандарди на заштита, набавка на најсовремена опрема за тимовите, меѓународни обуки и вежби, нови правилници за функционалните ознаки, правилник за стандардизација на униформите на припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување, правилник за стандардизација и унифицирање на униформите на пожарникарите, ни дава за право да заклучиме дека Дирекцијата за заштита и спасување се движи во вистински правец, истакна Џаферовски.

Тој додаде дека активно се работело и на меѓуинституционалната соработка со одржување на големи вежби, на кои е покажана координираноста и подготвеноста на институциите во случај на несреќи и природни катастрофи.

ДЗС во изминатиот период активно беше вклучена и во некои клучни настани како што се пречекот на папата Франциск во делот на изработката на планот за евакуација, учеството во справување со полседиците од катастрофалниот земојотрес во Албанија и вклученоста во спречувањето на ширењето на коронавирусот. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гаши: Секој пратеник нека одлучи по свое сопствено убедување за интерпелацијата

АлтернАтивА го освежува раководството на партијата со нови кадри

Презентација на Истражувањето за млади и безбедност во Северна Македонија