Утрински Весник
Македонија

Рускиот амбасадор во посета на Општина Кисела Вода

Рускиот амбасадор во посета на Општина Кисела Вода
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин денеска ја посети Општина Кисела Вода и имаше средба со градоначалникот Филип Темелковски.

На средбата се дискутираше за актуелните состојби во Општина Кисела Вода, како и за сето она што се презема за да се надмине проблематичниот период поврзан со коронавирусот. Во пресрет на Денот на раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин, кој Општина Кисела Вода го празнува секој 6-ти јуни со манифестацијата „Пушкинови денови“, градоначалникот и амбасадорот ги договараа насоките за годинашното одбележување кое, согласно условите ќе мора да има видоизменет карактер.

Идејата за одржување на ова културно збиднување датира од 2009 година, на заедничка иницијатива од Амбасадата на Руската Федерација и Општина Кисела Вода, во знак на продлабочување на културната соработка помеѓу двете пријателски земји. Во контекст на пријателството, во Општина Кисела Вода е именуван парк Пушкин, каде постои и биста на овој великан, а исто така, неговото име го носи и една улица во општината.

Средбата со рускиот амбасадор Баздникин беше заокружена со идеи за нови соработки, соопшти Општина Кисела Вода.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен