Утрински Весник
Спорт

ЕСПН наброи 20 члена на „Куќата на славните“ кои Џордан ги исфрли од НБА плејофот

ЕСПН наброи 20 члена на „Куќата на славните“ кои Џордан ги исфрли од НБА плејофот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вашингтон, 20 мај 2020 (МИА) – Американскиот спортски канал, ЕСПН, на својот профил на Твитер наведе 20 члена на „Куќата на славните“ кои Мајкл Џордан ги елиминирал во плејофот.

Легендарниот кошаркар во текот на својата кариера во разигрувањето за титулата ги елиминирал следниве НБА ѕбезди: Чарлс Баркли, Владе Дивац, Клајд Дрекслер, Џо Думарс, Патрик Јуинг, Меџик Џонсон, Карл Мелоун, Реџи Милер, Алонзо Морнинг, Крис Малин, Дикембе Мутомбо, Шекил О’Нил, Роберт Периш, Гери Пејтон, Денис Родман, Џек Сикма, Џон Стоктон, Ајзеа Томас, Доминик Вилкинс и Џејмс Ворти.

Минатата недела ЕСПН ја заврши премиерата на документарен филм од 10 епизоди за Чикаго булс во 90-тите и за неговиот легендарен кошаркар, летечкиот Мајкл Џордан. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов