Утрински Весник
Македонија

Човечки фактор причина за пожарот кај депонијата „Мелци“ во Кавадарци

Човечки фактор причина за пожарот кај депонијата „Мелци“ во Кавадарци

Кавадарци, 19 мај 2020 (МИА) – Од човечки фактор намерно рано утринава беше запалена градската депонија „Мелци“, информираа попладнево од кавадаречки „Комуналец”.

– Во 4 часот изутрина беше повикана Противпожарната единица и пристапено кон гасење на пожарот. Веднаш се испратени уште три цистерни од „Комуналец” и уште едно противпожарно возило.
До 10 часот беше изгаснат пожарот.  Во 11 часот се пристапи кон сипање со земја за спречување на чадот. Сипењето е извршено и сеуште се врши со 10 камиони и градежни машини од „Комуналец” и локална градежна оператива на приватни фирми од градот, информираат од претпријатието.

Оттаму додаваат дека досега се ставени околу 1.000 кубни метри земја и до околу 20 часот ќе се заврши со оваа постапка и целосно ќе биде локализиран пожарот на депонијата.

– Депонијата беше запалена од долниот дел кој е со длабочина од 30 метри и е непристапен за градежна оператива. Сепак, со напори на вработените во „Комуналец” и пожарникарите, пожарот беше изгаснат.
Апелираме на свесност во иднина, да не се прават вакви злодела и работи кои не доликуваат на времето во кое живееме. Апелираме и до граѓаните, запаливи материјали да не фрлаат во контејнерите затоа што штетите можат да бидат големи како по возниот парк на „Комуналец”,  така и по здравата животна средина, нагласуваат од јавното претпријатие.

Се надеваат дека сторителите ќе бидат најдени и казнети во најкус можен рок. свд/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи