Утрински Весник
Македонија

Се работи на протоколот за враќање на децата во градинките

Сите вработени во градинките ќе бидат тестирани, уште се бара решение како ќе работат

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека се работи на протоколот за згрижување на децата во градинките и оти разменуваат детали Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика.

Одговарајќи на новинарско прашање кога се планира отворање на градинките, Филипче рече дека целиот процес ќе биде искоординиран со враќањето на родителите на работа.

– Некои детали разменуваат Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика. Верувам дека следната недела ќе заврши тестирањето и веднаш после тоа, меѓутоа тоа ќе биде и во согласност со одлуките да се вратат дел од луѓето на работа за да тоа биде еден координиран процес, рече Филипче. бак/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките 

ФБИ алармираше, МВР реагираше: Спречен можен терористички напад во Тетово

Пронајдено оружје при претрес во тетовско, лишени од слобода две лица, едниот на интернет се заканувал дека ќе изврши масовно убиство