Утрински Весник
Македонија

Најголем број од починатите од корона вирус имале хронични болести на белите дробови и дијабет

Најголем број од починатите од корона вирус имале хронични болести на белите дробови и дијабет

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека најголем број од починатите лица, како последица од корона вирус, имале хронична болест на белите дробови или дијабет.

– Може да ја извадиме точната статистика. Тоа се хроничната опструктивна болест, хроничната кардиовласкуларна болест, хроничната слабост на срцето во смисла на кардиомиопатија и дијабетот. Стандардните хронични состојби коишто го слабеат кардиоциркулаторниот капацитет, пулмоналниот капацитет, белодробниот и било каква инфекција, белодробна или друга значи дека може да има поголем ризик од смртност, нагласи Филипче, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа кои хронични болести ги имале пацинетите кои го загубиле животот како последица од Ковид-19.

Во однос на тоа во кои скопски општини има заразени лица од корона вирус, министерот рече дака се уште се прави анализа за општините во Скопје и оти ќе биде споделена со јавноста кога ќе ја изготват епидемиолозите.

На новинарско прашање за тоа дали се очекува да има нови жаришта со Ковид-19, кои општини се потенцијални и од кои причини би можело да се доведе до нов бран со корона вирусот, Филипче наведе дека последната голема изолирана бројка била во Општина Чаир, истакнувајќи дека нема непредвидлив ризик и оти сите заболени се во рамки на познатите кластери.

– Последната голема изолирана бројка беше од скопската Општина Чаир, дваесетина лица, во врска со семеен настан, меѓутоа тука се веќе сите лица коишто покажаа симптоми. Друго место во коешто имаме еден таков одреден ризик е Тетово и околината на градот. И тоа е нешто што го имавме во предвид, го дискутиравме утрово на состанокот и во текот на утрешниот ден ќе оди на дополнителен увид и помош од страна на колегите и специјалисти од областа на инфективната медицина. Нема нешто кое што е непредвидлив ризик, сега засега, имајќи предвид дека и во Тетово огромен број од новодијагностицираните беа од познати заболени. Значи се е во рамките на тие кластери, блискиот респираторен контакт од внатре во еден кластер или меѓу веќе познати кластери, образложи министерот. см/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје: Едно лице загина, сообраќајот пренасочен

Паника во автобус кај Велес: Патниците скршиле прозорци за да избегаат по појава на чад

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ