Утрински Весник
Македонија

Нов позитивен случај во Добри Дол, состојбата во гостиварскиот регион стабилна

Нов позитивен случај во Добри Дол, состојбата во гостиварскиот регион стабилна
Dik 300x250 mk

Гостивар, 19 мај 2020 (МИА) – Во гостиварскиот регион изминатото деноноќие регистриран е нов случај заразен со коронавирусот. Жител на Добри Дол имал позитивен тест и тој е во добра здравствена состојба. Вкупната бројка на инфицирани од почетокот на коронакризата во гостиварскиот регион достигна 20.

Информацијата ја сподели шефот на меѓуопштинскиот кризен штаб (Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше) на петнасеттиот состанок, кој денеска се одржа во салата на советот на Општина Гостивар.

– Оценка на меѓуопштинскиот штаб е дека состојбата во трите општини е стабилна и во иднина состаноците ќе се одржуваат по потреба и во зависност од актелната состојба. Досега на подрачјето вкупно се регистрирани 20 случаи, а извршени се 250 тестирања. Во општина Гостивар речиси една недела нема активен случај. Во Врапчиште има еден, а во Маврово и Ростуше два, рече градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари.

Тој упати апел до граѓаните да бидат внимателни за време на празничните денови и задолжително да се придржуваат кон мерките за заштита.

Таравари нагаласи дека штабот од централните власти ќе побара повторно да го разгледаат барањето за намалување на полицискиот час и да трае од 23 до 5 часот и отварање на угостителските објекти, бидејќи како што потенцира, тоа ќе биде важно за опоравување на локалната економија.

Во гостиварската општина изминативе шест дена нема активен случај на заболен од Ковид-19, а бројката на тестирани достигнала 250. Во најмалубројната општина, Маврово и Ростуше има два активни случаи.

Со решение на здравствените власти, едно лице се наоѓа во самоизлоација, а 71 се во државниот карантин во хотелот Макпетрол во Маврово. згм/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

73-годишна жена уапсена во Неготино, си го запалила домот

Преку ден облачно со сонце, од вечер повторно дожд

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче