Утрински Весник
Магазин

ЕСА: Астронаут в тоалет (видео)

ЕСА: Астронаут в тоалет (видео)
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Париз, 19 мај 2020 (/) – Европската вселенска агенција ЕСА објави видео на кое астронаутката Саманта Кристофорети објаснува како луѓето во Вселената одат вo тоалет.

Италијанката прво говори за специјалното црево за изборот „број 1“ (мала нужда), а потоа и за изборот „број 2“ и за специјалната тоалетна школка наменета за тоа. Таа вели дека тоа не е воопшто тивко и сите колеги на Меѓународната вселенска станица слушаат и знаат што се случува, оти механизмот работи на принципот на вшмукување и бучи како правосмукалка.

– Пред употреба, на отворот од школката се закачува посебна ќесичка. Кога ќе завршиме, ја врзуваме ќесичката и таа оди надолу. Од почит кон следниот корисник, ставаме друга ќесичка, вели Кристофорети.

Контејнерот со ќесичките се менува секои 10 дена, но урината „оди на рециклирање“, како што вели астронаутката.

– Механизмот зад ова црево ја собира (урината) и тука почнува процесот со којшто урината се претвора во чиста вода за употреба, вели таа и со насмевка го завршува своето предавање.  си/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

Најинтересните часовници за 2025 година: Смелиот дизајн и живописните бои го освојуваат пазарот

Гвинет Палтроу откри зошто одбила 18+ сцена со Итан Хо