Утрински Весник
Македонија

Со физички напад нарушен јавниот ред и мир во Дебар

Со физички напад нарушен јавниот ред и мир во Дебар
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дебар, 19 мај 2020 (МИА) – Во последното деноноќие, на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои се под надлежност на дебарското одделение за внатрешни работи, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад.

-Вчера во 8:15 часот, на улица „8 септември“ во Дебар нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од С.Б.(65) врз Ш.Б.(49),и двајцата дебрани. Против напаѓачот, Одделението за внатрешни работи ќе поднесе соодветна пријава, потврди Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека во изминатото деноноќие на ова подрачје нема прекршувања на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид-19. Исто така, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди.

Како што информираат од општинскиот Оперативен штаб во оваа општина веќе 33-ти ден нема новозаразени а во самоизолација се 14 лица, кои претходно, по враќањето од странство, биле во државен карантин. вт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени

ВМРО-ДПМНЕ: Дали на Бихаќка ќе слават Нова година по дубајско време и дали го резервираа навреме Харис да им пее?

Условна казна за напаѓачот на ,,Инфомакс”