Утрински Весник
Магазин

Сејшелите забранија крстарење до крајот на 2021 година

Сејшелите забранија крстарење до крајот на 2021 година

Тананариво, 19 мај 2020 (/) – Сејшелските Острови ги забранија крстосувањата до крајот на наредната 2021 година, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Надлежните, во меѓувреме, најавија помош за хотелите, одморалиштата, туристичките агенции и сите оние што се погодени од оваа корона-криза. Сѐ уште не се знае дали и кога островите ќе бидат отворени за поморски и воздушен сообраќај.

Сејшелите во 2013 година, заедно со неколку други острови и островски држави во Индискиот Океан, како што се Маурициус, Реунион (Франција) и Мадагаскар, ја основаа туристичката организација „Ванила острови“, заради заеднички развој на тукашниот туризам.

Сепак, оние што се надеваа дека ќе патуваат на островите оваа и следната година, ќе треба да разгледаат други опции. Европската Унија веќе размислува за отворање на границите меѓу нејзините членки, додека некои земји, како Грција и Италија, веќе објавија планови за обновување на туризмот оваа летна сезона.

Друг можен модел и решение е т.н. „патнички меур”, кој вклучува туризам меѓу соседни земји, со што ќе се зголеми бројот на летови и ќе се искористат капацитетите за сместување. Таквиот модел веќе го усвоија Естонија, Литванија и Летонија, додека пак, Австралија и Нов Зеланд сѐ уште размислуваат да го сторат истото. си/ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува